Со богатство од 500 милиони долари, Де Ниро ќе банкротира: Коронавирусот е крив
Тој е еден од најдобреите актери во историјата на филмот и чудно е кога се вели дека наскоро може да банкротира кога неговото вкупно богатство според „Форбс„ се проценува на 500 милиони долари...
Но, Роберт Де Ниро изјави дека коронавирусот го уништил финансиски до тој степен може да застане на нозе само ако заработи 7,5 милиони долари оваа година.
Но, на ова му претходи и судска битка со неговата екс сопруга Грејс Хајтауер, (се разведоа 2018) откако таа поднесе барање за зголемување на месечната граница за кредитни картички „American Express“ од 50.000 американски долари на 100.000 американски долари, откако добитникот на Оскар ѝ ја намали.
Нобу и хотелот Гринич, во кој има удели, беа делумно затворени за време на пандемијата на коронавирус и не носеа приход.
Нобу за само два месеци изгубил близу 5 милиони американски долари, па затоа морал да плати на инвеститорите 500.000 американски долари.
„Дури и тоа мораше да позајмува од деловните партнери, затоа што тој едноставно „нема пари“.Тој ќе има среќа ако направи 7,5 милиони американски долари оваа година, изјави адвокатот на актерот.
Де Ниро најверојатно ќе заработи само 2,5 милиони американски долари во текот на следните неколку месеци и години, бидејќи снимањето на неговиот најнов филм е одложено поради пандемијата.