Со буџет од милион долари заработи дури 225 пати повеќе: Еден од најдобрите филмови за спортот

Беше номиниран за вкупно 10 Оскари, доби 3. вклучувајќи го и оној за најдобар филм...

На 21 ноември 1976 година е одржана премиерата на филмот „Роки“, филското остварување во кое Силвестер Сталоне го вброи помеѓу иконите на холивудската кинематографија.

Филмот го прикажува патот од сиромаштвото до богатството и „американскиот сон“ на Роки Балбоа, необразованиот италијанско - американскиот боксер со добро срце. Роки првенствено работи како собирач на долгови за одреден човек во Филаделфија и учествува во клубови за боречки вештини, а потоа добива шанса да се испроба во професионалниот бокс, во тешка категорија.

Иако буџетот за филмот изнесува 1 милион долари, остварувањето заработи 225 пати повеќе, поставувајќи го како финансиски најуспешен филм за 1976 година. Критичарите го оценија позитивно, па беше номиран за вкупно 10 Оскари, добивајќи 3, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.

Во 2006 година, „Роки“ е вброен во Националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски и естетски значаен“. Исто така, остварувањето е на втората позиција на најдобри спортски филмови кој е некогаш направен.

По првиот следуваа уште 7 продолжение. Во сите глумеше Сталоне, а од нив напишал 6 и режирал 4. Во јули 2019 година, Сталоне во едно интервју напомена дека се во тек преговорите за филм кој би се занимавал со младиот Роки пред да стане шампион.