Со денови се зборува за оваа „ИЗМАМА“: Јутубер тврди дека за само 3 дена добил цврст абдомен и дека секој од нас може да го направи тоа!
Американскиот јутубер Логан Пол ги остави фановите збунети откако ја објави својата „тридневна трансформација на телото“
Јутјуберот кој стана борец, исто така, го имаше своето деби во борење на настанот на WWE овој викенд и јасно стави до знаење дека е подготвен за борба, а на Твитер поттикна дискусија за неговата рутина за вежбање.
Наместо да минува месеци во теретана за да добие затегнат стомак и мускули на грбот, тој тврди дека новиот изглед го постигнал за само три дена.
Пол рече дека „следеше режим од 100 склекови и 100 стомачни секој ден 3 дена по ред“ за да добие рамен стомак и дефинирани мускули, додавајќи дека е „многу задоволен од резултатите“.
Сепак, многумина беа скептични за неговата трансформација, тврдејќи дека речиси секој што некогаш се обидел да го промени својот изглед ќе знае дека за ваквите драматични резултати обично се бара многу повеќе време и труд.
Неверојатната промена на Пол ги остави некои корисници на Твитер збунети и се запрашаа дали е сериозен кога ги споделува своите фотографии.
Еден корисник го обвини Пол дека „само го надувал стомакот на првата фотографија и малку се наведнал на втората фотографија“, додека друг одговорил: „Очигледно го пумпате стомакот на овие фотографии, исто така е научно невозможно да се направи тоа“.
Трет корисник коментирал: „Правам 100 склекови и стомачни дневно и не изгледам вака“.