Со донација од 500 училишни ранци, Štip City Mall им посака успешен почеток на сите првачиња во Штип и го најави своето отворање на 5ти ноември

На денешната церемонија по повод пречекот на првачињата во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, Štip City Mall - најголемиот регионален трговски центар во Источна Македонија, донираше 500 училишни ранци и со тоа ги израдува сите првачиња кои се запишаа во новата учебна година. За време на официјалната церемонија беше присутен и Градоначалникот на Општина Штип - Иван Јорданов, кој ја изрази својата благодарност до компанијата и истакна колку се важни ваквите активности кои се насочени кон развојот на образованието и едукацијата на младите. На настанот присуствуваше и сопственикот на Štip City Mall - Горан Јордев.

Уште пред официјалното отворање на трговскиот центар, одлучивме нашата прва општествена активност да биде наменета токму кон најмалите. Сметаме дека поддршката и придонесот кон образованието е одговорност на сите во општество. Со оваа донација сакаме да бидеме дел од детската радост и ентузијазам и да ги израдуваме првачињата, мотивирани и исполнети да ја започнат новата животна етапа која е од огромна важност за нив. Истовремено имајќи го во предвид и енормното зголемување на цените со кое се соочуваме сите ние, ја даваме нашата помош таму каде што е најпотребно, односно директно ги олеснуваме трошоците кои ги имаат родителите. Во оваа прилика би сакал да најавам и дека веќе имаме официјален датум за отворањето на Štip City Mall, кое ќе се случи на 5ти ноември оваа година. Изјави - сопственикот на Štip City Mall - Горан Јордев.

Од компанијата велат дека ова е првата активност од ваков карактер. Нивната мисија е да продолжат да функционираат како општествено одговорна компанија која постојано ќе придонесува и ќе реализира активности во полза на сите граѓани на општеството.

Новиот трговски центар кој наскоро ќе ги отвори своите врати е лоциран на атрактивна локација на самиот влез на градот Штип и истиот ќе биде најголемиот и најсовремен регионален трговски центар во Источна Македонија.

* ПР - објава