Со години го сакаше Биковиќ и се чуваше за брак, а потоа се повлече од јавноста: Што прави денес Бранкица Себастијановиќ
Младата актерка своевремено се забавуваше со Милош Биковиќ и беше првата девојка што актерот ѝ ја претстави на јавноста.
Српската актерка Бранкица Себастијановиќ (30) во публиката е запаметена по улогата во серијата „Синѓелиќи“, како и по главната улога во филмот „Врати се Зоне“, вториот дел на Зона Замфирова.
Пред неколку години, Бранкица беше во центарот на вниманието на јавноста поради долгогодишната врска со нејзиниот колега Милош Биковиќ.
Најинтересно за јавноста беше што тие одлучија да се чуваат за брак, за што Бранкица отворено зборуваше:
- Мислам дека е навистина грдо да се потсмеваме на нешто на што се држиме јас и Милош. Драго ми е ако можеме да бидеме пример за младите во такви времиња. Не знам зошто толку многу се пишува за тоа - рече тогаш Бранкица, нагласувајќи дека Милош израснал во патријархално христијанско семејство. Иако многумина сметаа дека оваа романса ќе биде крунисана со брак, врската се распадна.
После раскинувањето, убавата актерка ретко се изложува во медиумите и малку се знае за нејзиниот живот.
- Не се мажам, сè уште сум далеку од тоа. Тоа дури не ми е во план. Има време. Засега, само одам на свадби - рече еднаш актерката за Блиц.
Таа целосно се повлече од јавниот живот, а само повремено е активна на социјалните мрежи, каде најмногу објавува фотографии од своите патувања.
Додека Биковиќ постојано го поврзуваат со негови колешки и позати дами, иако сега се пишува дека е во љубов со заводлива русинка.