Спорт // Спорт
Со хит на Лепа Брена, легендарниот Ибрахимовиќ се појави на Сан Ремо- погледнете
На мегапопуларниот Ибра ова не му е првото појавување на фестивалот на италијанската канцона „Сан Ремо“, екс фудбалерот на Барселона, Милан.... и пред три години беше специјален гостин на славниот фестивал.
И тогаш а и сега она што е интересно е фактот што Ибра се појавува на бината со хит песна и музика од екс Југославија.
Поранешниот капитен на Шведска која има потекло од Балканот е единствениот фудбалер на светот чија музичка желба се почитува на Сан Ремо.
Пред три години Ибра на сцената направи „хаос“ со хитот „Јутро је“ на Нада Топчагиќ , а сега со безвременскиот хит на Лепа Брена „Луда за тобом“.