Со каков третман се лекува Шуми и има ли шанса за него?
Нова надеж на шампионот.
Колку
и да се чува во тајност состојбата на Мајкл Шумахер од страна на неговото семејство, во јавноста протекоа информации дека
ќе оди во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз. Таму бил примен
вчера попладне за да помине уште една терапија со матични клетки.
Според последните информации, проф. Филип Менас ги прави процедурите, кои започнале во понеделник вечер, а продолжиле во текот на целиот овој ден, а веќе утре се очекува германскиот поранешен возач на формула 1 да биде испратен во неговиот дом во Женева.
Овој метод гарантира само дека нема да страда од никакви воспаленија предизвикани од неговиот животен стил врзан со инвалидска количка. Но, надежите на неговото семејство со оваа терапија би можеле да бидат процес на закрепнување на изгубените клетки од инцидентот.
Шуми веќе завршил две терапуии со проф. Менас на почетокот од оваа година, со нив се истражува дали терапијата може да му помогне да се опорави. Светлината во кардиохирургијата даде зелено светло за ова, па сега се надеваме дека наскоро поранешниот возач ќе може да направи огромен исчекор во неговото закрепнување.
Оваа терапија се проценува на неколку милиони евра.