Со кого спиеше Доналд Трамп: На неговата империја паднаа и недофатливите дами
После претседателствувањето со најмоќната држава, го пратеа и пратат и афери и скандали, и суд...
Три бракови и пет деца се само „скратен список на интимност“ на сега веќе поранешниот американскиот претседател, а на „проширениот список“ можат да се најдат и имињата на Карла Бруни, Мадона, Габриела Сабатини или Катарина Оксенберг, ќерка на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ.
И покрај тоа што беше обвинет за мизогинија за време на минатата претседателска кампања, со други зборови, машки сексизам, дури 42 проценти од Американците гласаа тогашза Доналд Трамп, во обид да го видат како нов американски претседател. И го видоа!
Нивните гласови дури и се покажаа одлучувачки пред 4 години, иако пред изборите се веруваше дека изјавите на Трамп од типот „Можам да ја грабнам за п.... секоја што ќе ја посакам“, ќе го чинеа многу. Секој што мислеше така можеби погреши, затоа што не го знаат најдобро човекот кој заработи милијарди во архитектурата, но кој „падна“ на фасадите на убавината во неговата околина.
Можеше да направи убава забавна кариера во комунистичката Чехословачка, но имаше и други идеи.Ивана и Трамп беа во брак од 1977 година, а ги имаат синовите Доналд Помладиот, и Ерик и ќерката Иванка. Како двојка, двајцата беа на некој начин олицетворение на таа алчна желба да се здобијат со огромно богатство, особено недвижен имот. Живееја луксузно, секогаш скапо облечени. Еден социјален коментатор ги опиша како „Поинтересни од Династија“ во тоа време, но тоа не беше само раскошниот начин на живот кој ги поврзуваше со серијата.
На Трамп му се допадна ѕвездата на серијата, актерката Катарина Оксенберг, ќерка на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ, а врската беше толку сериозна што Ивана наводно била подложена на операција за да личи на Катарина што е можно повеќе и со тоа да го задржи сопругот. Неминовен беше развод.
Тој се чинеше дека не ја изневеруваше само со Оксемберг, туку и со голем број други жени, меѓу кои и Робин Гинс, поранешна сопруга на боксерот Мајк Тајсон, моделот Керол Алт и олимписката шампионка во уметничко лизгање Пеги Флеминг.
Ама тие не беа единствените дами кои се дружеа со Доналд Трамп кон крајот на осумдесеттите и раните 90-ти. За време на неговата претходна претседателска кампања се јавија многу познати ѕвезди тврдејќи дека спиеле со него, а некои и дека ги злоставувал. Џесика Лидс, Рејчел Крокс, манекенката Кристин Андерсон, потоа Рајан Брувер Лејн и Мишел Меклин, која беше Мис Универзум во 1992 година.
Многу поинтересните се познатите жени кои имаа љубовна врска со Трамп во раните 90-ти, на пример супер моделот Карла Бруни. Подоцна таа стана сопруга на францускиот претседател Никола Саркози.
Имаше афера со убавата аргентинска тенисерка Габриела Сабатини..
Се дружеше со Мадона.
Марла Мејпс му стана втора сопруга и со неа ја има ќерката Тиф. Се разведоа многу брзо.
Сепак, Меланија стапи на сцена... Ја ожени словенката и и ја понуди целата империја. А таа му роди син, Барон. Со неа влезе во Белата куќа како претседател. и со неа ќе излезе од куќата.
Се слушаат гласини дека и неа ја изневерувал, но нема докази за да се потврди тоа. Неодамна, се огласи и порно актерката Сторми Даниелс која тврдеше дека Трамп и дал голема сума на пари за да спие со него.