Со коронавирус е заразена Директорката на клиниката за кожни болести
Доцна синоќа на клиниката за инективни болести е дијагностициран уште еден позитивен случај на корона вирусот кај пациентка.
Се работи директорка на клиниката за кожни болести која моментно се хоспитализира на Инфективната клиника.
Нејзината состојба е стабилна има лесна клиничка форма, кажа министерот Филипче.
Директорка на клиниката за кожни болести, била во Италија пред недела дена и како што кажа министерот одела редовно на работа откако се вратила, со што не ги почитувала препораките на надлежните.
Сепак, она што е добро според министерот Филипче е дека заразената не била во директен контакт со пациенти односно не била на работа во амбуланта, и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.
Заразената во анкетата како што посочи министерот ги дала сите податоци, па ќе се одлучи и дали нејзните блиски ќе бидат ставени во домашна изолација.
Можно е одделот на клиниката за кожни болести да биде целосно затворен, зависно од степенот на ризик за кој епидемолозите во овој момент вршат проценки.
Состојбата на првата заболена е целосно стабилизирана и во текот на денот ќе се знае дали ќе биде испуштена од Инфектиивната клиника.