Со купување на енергетски ефикасни фрижидери од Gorenje добивате квалитет, заштедувате пари и се грижите за животната средина
Современиот начин на живот со себе донесе и одредени промени во животните навики. Кога станува збор за комбинирани фрижидери, заштедата на енергија во нивното работење е клучна и за околината и за паричникот. Во последните години, сѐ поголем е фокусот на паметни, енергетски ефикасни и еколошки решенија. Овие апарати доведуваат до помали сметки за електрична енергија, помалку фрлање храна и полесно подготвување на здрави оброци. Изберете еден од Gorenje комбинираните фрижидери по одлична цена и заштедете енергија и пари.
Зошто е важна енергетската ефикасност?
Купувањето нов фрижидер може да биде стресен процес. Без разлика на тоа, користењето на стар и застарен модел може да ве чини уште повеќе отколку да купите понов и поодржлив производ. При изборот на совршен апарат, одлична насока може да биде енергетската налепница на апаратот. Таа е јасен показател за енергетската ефикасност и другите клучни карактеристики на апаратот. NoFrost Plus комбинираните фрижидери од Gorenje се едни од најефикасните фрижидери на пазарот. Со цел дополнително да се намали потрошувачката на енергија, се препорачува да се внимава да не се држи долго време отворена вратата на фрижидерот, што ќе спречи загревање на воздухот. На сите ни се случило барем еднаш да не ја затвориме вратата правилно, што може да доведе до дефекти, фрлање храна и непотребни трошоци. Најновите модели на Gorenje комбинирани фрижидери ќе ги известат корисниците со звучен сигнал или преку мобилен телефон доколку вратата остане отворена. Покрај тоа, нивната инвертер компресор технологија се прилагодува подобро и побрзо на сите промени во температурата на фрижидерот, што ги прави поекономични и помалку бучни.
До пред неколку години, еден од вообичаените начини да се постигне ефикасноста на фрижидерот беше да се чува полн со храна за да се користи што помалку воздух. Но, на овој начин се зголемуваат залихите, што на крај води до фрлање на голема количина храна. Со NoFrost Plus комбинираните фрижидери од Gorenje и функцијата MultiFlow 360° нема да дојде до тоа. Оваа функција обезбедува долготрајна свежина и помала потрошувачка на енергија. Насобраниот мраз на ѕидовите на фрижидерот исто така може да ви направи проблеми. Колку често сте морале да го одмрзнете фрижидерот поради дебел слој мраз? Создавањето мраз доведува до користење на повеќе енергија за ладење на внатрешноста. Со функцијата NoFrost Plus, повеќе нема да се мачите со постојано чистење. Оваа карактеристика придонесува за интензивна циркулација на ладен воздух што ја елиминира влагата од апаратот, со што се спречува таложење мраз на ѕидовите на замрзнувачот.
Како да го изберете вистинскиот апарат за вашите потреби?
Друг начин да постигнете енергетска ефикасност е да го изберете вистинскиот производ за потребите на вашето домаќинство. Вашиот совршен апарат зависи, меѓу другото, од големината на просторот наменет на него, бројот на луѓе кои живеат во домаќинството, потребните функции и вистинскиот волумен. Gorenje во својот асортиман нуди производи кои ќе ги задоволат сите ваши потреби и преференции. Без разлика колку е голем или мал домот во кој живеете, има моменти кога ниту еден апарат не е доволно голем. Празниците, прославите, собирите во голем број бараат апарати за домаќинство кои лесно може да се прилагодат за секоја намена. Со Gorenje ConvertActive комбинираниот Side by side фрижидер, можете во секое време да го претворите замрзнувачот во ладилник или во голема ZeroZone фиока. Со еден клик ќе можете да обезбедите повеќе простор за складирање на грицки и пијалаци, со што ќе добиете дополнителен простор.
Овие карактеристики ги прават модерните комбинирани фрижидери совршено решение за секој што сака да си го поедностави животот. Доколку ви треба еден од овие апарати, фрижидерите на Gorenje се идеални за вас, а сега можете да ги најдете по специјални цени.
ПР објава