Со молекула што лебди близу до кожата: Парфемот Escentric Molecules Escentric 01

Интересна работа за овој парфем е што ја слави хипер-апстракцијата на Iso E Super. Тоа е молекула што лебди близу до кожата, со цел да се создаде недефинирана аура. 

Уште една интересна работа е што Escentric 01 е унисекс дрвен мирис исполнет со мошус, кој се фокусира на токму тој молекул. Сепак, според испитувањата, повеќе е машки затоа што ги привлекува жените кога маж е намирисан со овој уникатен парфем. Мирисот дополнително содржи кора од лимета, зелени пупки од јасмин и свеж мошус.

Ретко може да се најде, но сепак го има.