Со неколку чекори до младешки изглед: „Зезнете“ ги сите

Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја излажете околината:

Несредена брада

Со текот на годините, многу мажи сакаат да се кријат под брадата. Ова секако не е лоша стратегија ако вашата главна цел е да ви стои убаво првенствено. Сепак, имајте на ум дека брадата мора да е уредно исечена, бидејќи запоставената брада може да ги натера многумина да мислат дека сте изгубени во џунглата со месеци. Истото важи и за влакната во носот, како и за веѓите, па и влакната во ушите.

Сива коса

На 28-годишна возраст, на голем број мажи им се појавуваат бели влакна. Ова особено знае многу да ги оптовари мажите. Една опција е да го прифатите вашиот нов, природен изглед, а другата е да одите кај фризер и да му дозволите да направи смеса што ќе ја камуфлира сивата коса, но да не биде тоа претерано.

Уморни очи

Дали знаете дека „очите се огледало на душата“? Секој порок и тоа како влијае на изгледот на вашите очи. Пушењето ја намалува циркулацијата што предизвикува појава на брчки и долгите ноќи создаваат црни кругови под очите. Како непосреден лек, препорачуваме да  исечете парчињата од краставици на кругови и да ги чувате на очите 15 минути пред да излезете од дома. Краставицата содржи супстанција која може да ги ограничи крвните садови под окото. Оваа маска има и „освежувачки“ ефект врз иритираната кожа.

Жолти заби

Кафето, црвеното вино и коктелите ги прават забите да изгледаат валкани, жолти и стари. Ако ја промените исхраната и започнете да јадете повеќе овошје и зеленчук - како јаболка, целер, брокула и друг „зелен“ зеленчук - нема да треба да одите кај стоматологот за белеење.