Со поддршка од Витаминка создадена веб страница за невропедијатриските состојби кај децата
Neuroped.mk е веб страница посветена на невропедијатриските состојби кај децата. Создадена е со цел на ефикасен и професионален начин да понуди информации, кратки упатства и совети поврзани со детскиот развој и најчестите невропедијатриски состојби и на тој начин да стане сигурен и веродостоен извор за родителите, старателите и здравствените работници.
„Благодарение на Витаминка и заедно со нашиот тим создадовме страница посветена на невропедијатријата, на спектарно одредени состојби во јавноста познати како спектар на аутизам. Преку оваа новина родителите, но, исто така и луѓето што професионално се занимаваат со оваа проблематика ќе може да добијат информација за секоја дилема и да дојдат до конкретен и кредибилен информативен одговор за да знаат дали детето треба да го донесат на клиника, или да се советуваат со матичен педијатар или пак ние, да дадеме мислење што понатаму и навремено со формирање на мултидисциплинарен тим, составен од невролог, психолог, психијатар, логопед и дефектолог, да се даде одговор дали кај детето вистински има или нема некој проблем каде е потребна рана интервенција“, истакна д-р Софијанова дел од уредувачкиот одбор.
Иницијативата за создавање на страницата потекна од прим.м-р.сци. д-р Габриела Тавчиоска специјалист педијатар, според која со создавањето на оваа веб-страница се вложува во здравјето, безбедноста и благосостојбата на доенчињата, децата и адолесцентите што значи вложување во иднината на заедницата кое повеќекратно се враќа.
Создавањето на страницата Neuroped.mk и целосната реализација е поддржана од Витаминка.
„Витаминка како општествено одговорна компанија е активна и помага во сите општествени сфери и сектори a создавањето на Неуропед страницата целосно го поддржавме и застанавме зад реализацијата заради сеопфатноста и повеќе функционалноста и посебно затоа што е во сферата на педијатријата, страница наменета за децата и нивниот развој. Се надеваме дека ќе се развива и ќе стане корисна информативна и едукативна алатка како за родителите така и за здравствените работници“, вели Симона Симоновска, директор за маркетинг во Витаминка.
Содржините за интернет страницата се создадени од експерти во областа на невропедијатријата од Универзитетската клиника за детски болести, проф. д-р Филип Дума супспецијалист невропедијатар како одговорен уредник, а дел од уредувачкиот одбор покрај проф. д-р Аспазија Софијанова супспецијалист неонатолог-интензивист и прим. м-р. сци. д-р Габриела Тавчиоска, уште и специјалист педијатар проф. д-р Соња Бојаџиева супспецијалист гастроентерохепатолог, д-р сци. Валентина Дуковска специјален едукатор и рехабилитатор, д-р Љеља Муаремоска Канзоска супспецијалист невропедијатар и научен соработник д-р Данило Нонкуловски специјалист педијатар.
ПР објава