Со што да ги нахраниме мускулите после екстра напорен тренинг?

Само што завршивте со напорен тренинг, трчање или кревање тегови, а по вашата напорна серија, горивото наменето за телото по вежбите станува неопходно ...

Повеќето љубители на фитнесот или професионални спортисти најверојатно прво ќе се фатат за спортски пијалок, но неодамнешното истражување покажа дека млекото е всушност супериорен пијалок после вежбање.

„Одредени спортски пијалоци ја инхибираат или предизвикуваат оксидација на маснотии поради одреден вид јаглени хидрати кои ги блокираат метаболичките патишта вклучени во нивните процеси на согорување на мускулите“, рече Филип Чилибек, професор по кинезиологија на Универзитетот во Саскачеван. „Во меѓувреме, калциумот и протеините од млекото ги симулираат овие метаболички патишта за да ги разградат маснотиите.

Во новата студија на Чилбек објавена неодамна, можеме да видиме дека спортистите кои пијат обезмастено млеко по вечерни вежби согоруваат повеќе маснотии следното утро.

Затоа, ако спортските пијалоци предизвикуваат распаѓање на маснотиите во мускулите, а калциумот и протеините во млекото ги стимулираат, тогаш обезмастеното млеко се чини дека е јасен избор после вежбање. Покрај тоа, високата содржина на шеќер во некои спортски пијалоци наменети за после вежбање крева нова гликоза, што секако е лошо за крвниот притисок и дијабетесот, а високото ниво на протеини во млекото, од друга страна, ги неутрализира овие лоши ефекти.

Секако, спортските пијалоци имаат свое време и место - ако не сте љубител на млечни пијалоци, или сте нетолерантни на лактоза, ваквите пијалоци можат да ви помогнат да ги замените изгубените течности и електролити, исто како и во случај на обезмастено млеко. Обидете се да ги додадете овие пијалоци во утринските смути или протеински шејкови.


Извор: muskimagazin.rs