Со сиромаштија линијата ја доведе до перфекција: Како мајката на Илон Маск изгледа заносно и на 76 години
Меј Маск (76), мајката на еден од најпознатите претприемачи во светот Илон Маск (53) е импресивна жена со богата кариера. Повеќе од 50 години работи за бројни познати брендови и се појавува на насловните страници на престижните списанија како „Тајм“, „Вог“ и „Ел“.
Нејзиното присуство во светот на модата не само што го редефинира концептот на убавина туку и покажа дека годините не се пречка за успех. Својата фит фигура и во повозрасните години ја должи на флекситарната диета што ја започна по разводот кога имаше финансиски тешкотии. Маск вели дека почнала да јаде така затоа што во тоа време не можела да си дозволи месо или риба, а флекситарната диета ја смета за нејзин примарен начин да остане во форма. Оваа диета е позната и како флексибилна вегетаријанска диета - стил на исхрана кој ја нагласува претежно растителна храна, додека повремено дозволува консумирање месо и други животински производи.
Според нејзиното мислење, за да биде телото здраво, а кожата да биде сјајна, човекот мора добро да се храни. И покрај ригорозната диета, Маск вели дека не се плаши понекогаш да се препушти на нешто што дебелее.
„Обично би било нешто слатко затоа што сакам десерти. Знаев и да претерувам... Бев првиот плус сајз модел во Јужна Африка во моите 30-ти бидејќи поминував низ стресни периоди, но денес успевам да одржам рамнотежа “, искрена е таа.
Нејзината напорна работа за одржување на килограмите навистина се исплати. Во неодамнешната објава на Инстаграм таа ја покажа својата завидна фигура на островот Иос во Грција.
„Кога се разведов, не можев да си дозволам да купувам месо, риба или пилешко, па морав да ги хранам моите деца со чорба со грав, а тие со текот на времето се изморија од тоа, па готвев разни варијации со многу зеленчук. Честопати јадевме сезонско овошје, но никогаш не можевме да си дозволиме органско“, изјави Маск за Fox Digital.
„Во Јужна Африка, каде што живеевме, кафеавиот леб беше субвенциониран од владата, а белиот леб беше поскап, така што јадевме само кафеав леб и тоа не одржуваше сите во добро здравје. Се сеќавам дека Илон еднаш сакаше житарки Coco Puffs, немав да му дадам. Имаше на располагање сув грав и тој не можеше да го добие ни тоа. Мојата ќерка Тоска сакаше џем од кајсии, јас едвај ѝ купив од јагоди, беше поевтин. Син ми Кимбал еднаш ми рече дека заминал од дома на факултет затоа што му здосадило и згадило екој ден чорбата со грав“, се сеќава Маск.
Таа не била разгалена од животот и создала сè од нула - за да го прехрани своето семејство по разводот од својот насилен сопруг, работела на пет различни работни места. Таа се преселила од Јужноафриканската Република во Канада во 1989 година, каде што живеела со своите деца во изнајмен, трошен стан без мебел. Со првата плата купила тепих за да можат децата да седнат на нешто и тоа бил навистина тежок период. Во мемоарите што ги објави во 2019 година, со наслов „Жената прави план: совети за цел живот авантура, убавина и успех“, таа зборуваше многу за тоа како да се биде успешна и самоуверена жена.
„Не можете да контролирате сè што се случува, но можете да го создадете животот што го сакате на која било возраст; се што треба да направите е да направите план. Не мора да се задоволите со несреќен личен или професионален живот. Јас го направив тоа предолго и премногу често, додека не почнав да планирам промени“, им рече таа на своите читатели.
Оваа жена за многумина е голема инспирација, затоа и ги пренесуваме нејзините совети за долг и здрав живот во добра форма
Направете ја вашата исхрана базирана на овошје, зеленчук и цели зрна заедно со посни протеини како јогурт со малку маснотии и јајца. Повремено додавајте пилешко, риба и месо. За извори на масти, изберете маслиново масло, авокадо и јаткасти плодови.
Пијте доволно вода, но не опседувајте да земате огромни количини. Ако на вашето тело му треба вода, тоа само ќе ви каже, според неа.
Вежбајте, но не претерувајте. Пешачењето е секојдневна активност за Маск, како и теретаната неколку пати неделно, каде што таа вози велосипед по 30 минути и прави вежби со отпор со мали тежини. Сепак, таа избегнува да се турка во крајности. „Ако ме боли, престанувам“, вели.
Негата на кожата е исклучително важна, особено редовното чистење и строгата заштита од сонце. Маск го мие лицето со обичен сапун и вода, но опседната е со заштита од УВ зраците кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата. Производите кои таа ги користи вклучуваат хидратантен крем, крем за очи и ноќен крем, но производите ги гледа како додаток на здравите навики кои ги практикува.
Спиењето е приоритет. Меј дури и го планира својот распоред за патување така што спиењето е приоритет и таа претпочита да патува претходниот ден отколку да продолжи да работи истиот ден кога ќе пристигне некаде и на тој начин да ризикува да се исцрпи. Ако сакате да остарите како неа, ќе се погрижите да спиете барем добро секоја вечер 8 или 9 часа.
Глорија,хрФото: Инстаграм