Со златен рез, избрана најубавата жена на светот

Кога науката и естетиката ќе се спојат, се создава следниот список:

Убавината е во окото на гледачот, но има одредени параметри за убавина кои ги поставуваат стандардите на убавината.

Секогаш, но особено во последните неколку децении, благодарение на козметичката хирургија, има тенденција да се изгледа што е можно посовршено, а може токму тоа да се дефинира со златен пресек или златен рез. Се верува дека совршено лице е оној што е целосно симетричен, односно на кој и двете страни на лицето се точно исти.

Оваа формула за убавина вклучува многу математички и прецизни податоци. Колку посиметрични се страните на лицето, толку е поубава личноста. Многу ренесансни скулптори и уметници, како Да Винчи, Микеланџело и Рафаел, го искористија токму златниот рез за да ја постигнат посакуваната рамнотежа и хармонија во нивните дела.

Лицето на една убава личност треба да биде приближно 1,6 пати должина од ширина. Второ, растојанието помеѓу линијата на челото и на дното на брадата треба да се подели на три еднакви делови. И, конечно, има некои други пропорции што можат да влијаат на нашата привлечност - на пример, ширината на очите треба да биде еднаква на растојанието помеѓу очите.

Светски познатиот доктор Д-р Хулијан де Силва, заедно со огромен тим ги проучуваше лицата на познатите дами и еве ги резултатите.

На петото место се најде Тејлор Свивт со 91,64% поклопување на златниот рез.

Четврта е Ариана Гранде со 91.81%

  На третото место е Амбер Херд со 91.85%

Втора е Бијонсе со 92.44%

И најубавата жена на светот со дури прецност на златниот рез од 94.33% е супер манекенката Бела Хадит