Собирал пластични шишиња, денес е милијардер: Бездомникот-цар на косата
Џон Пол Де Џори (John Paul DeJori) е успешен американски бизнисмен и вистински пример за човек кој од ништо создал огромна бизнис империја. Пред да ја основа Патрон текила Patrón Spirits Company и Џон Пол Мишел Системс (John Paul Systems) кои му донеле богатство од преку милијарда долари, Де Џори бил член на улична банда, живеел во својата кола и повеќе пати добивал откази. Дури собирал и празни шишиња како би се издржувал себе си и својот тригодишен син.
Де Џори е роден на 13 април 1944 година во Лос Анџелес, Калифорнија во сиромашно емигрантско домакинство. Родителите му потекнуваат од Италија и Грција, а во САД дошле со недеж во подобар живот. Од мал знел што значи беспарицата, но недостатокот на пари не го обесхрабрил во намерата да стане успешен бизинис човек.
„Родителите ми се разведоа пред да наполнам две години. Брат ми и јас почнавме да продаваме божиќни честитки и весници кога наполнив девет години. До доцна во ноќта ги виткавме за да наутро ни бидат подготвени за разнесување. Сетоа тоа го правевме за да жиееме подобро. Кога бев дете, сон ми беше да најдам работа која ќе ми носи 150 долари неделно, што било доволно за мала куќа и добра кола“, се присетува Де Џори за магазинот Форбс.
Како и многу млади луѓе кои растат во сиромашните краеви на Лос Анџелес и Де Џори брзо го нашол своето место во бандата во Лос Анџелес. Но, после завршување на средно училиште тргнува по друг пат и оди во војска да служи во морнарицата со надеж дека ќе запише факултет. После завршувањето на воената служба и краток брак, останал сам, без пари и со тригодишен син за кој треба да се грижи.
Се одеше од лошо кон полошо, објаснува Де Џори за Форбс. „Два пати бев бездомник бидејќи бев премногу горд да побарам помош“.
Меѓутоа, Де Џори не се предавал-работел разни работи за да преживее. Работел се: од продажба на енциклопедии до работа на пумпа и поправање на велосипеди. Во едно интервју за магазинот Entrepreneur истакнал дека највлијателно искуство за него било продавањето на енциклопедии од врата на врата. „Тоа биле Колиерови енциклопедии. Тешка работа. Одите на слепо. Вратите ви се затвораат пред нос-можеби 30,40 врати пред некој навистина да поразговара со вас и да ве пушти внатре.
Во истото интервју одговорил на прашањето за периодот кога бил бездомник. „Двапати бев без дом. Прв пат кога имав 22 години и кога бев жртва на околностите. И имав тригодишно дете. Втор пат кога го основава John Paul Mitchel Systems во 1980 година. Не се сложував добро со жената. Си заминав и и ги оставив сите пари што ги имав. Партнерот и јас имавме спонзор за Џон Пол Мишел Системс кој ветуваше цифра од пола милион долари. Тие пари требаше да стигнат, но не стигнаа. Тогаш само заспав во колата. И спиев во колата првите две недели после основањето на компанијата“.
Прочитајте и за оваа статија која се однесува на Де Џори:
Во интервјуто кое го дал за Бизнис инсајдер Де Џори објаснува како е тоа да се живее на граница на егзистенцијата. „Деновите кои ги поминував живеејќи во автомобил ме научија да преживеам. Научив како да преживеам само со неколку долари дневно. Спиев во кола, се туширав покрај базен во Грифифт паркот. Одев на кафе на бензинската станица во Лос Анџелес после девет наутро, бидејќи за помалку од еден долар таму можевте да добиете едно јајце , малку тост, сок од портокал или кафе и парче колбас или сланина. Тогаш би отишол во мексиканскиот ресторан Ел Торидо помеѓу пет ипол и шест бидејќи таму за 99 центи можевте да добиете маргарита и со неа некоја храна како што се такоси или пилешки крилца.
До 1971 година се вработил во „Redken Laboratories“ тогашен професионален салон за нега на коса во САД. Во рок од осумнаесет месеци е унапреден во менаџер кој ги надгледувал училиштата на Redken и ланци на салони и внимателно ја учел работата.
А во 1980 Де Џори ја искористил шансата да основа бизнис со долгорочен пријател и прославен дизајнер за коса, Пол Мишел. Ниту еден од нив немал многу пари но успеале заедно да соберат 700 долари како би започнале работа.
Денес, де Џори го надгледува мултимилијардерското „царство за коса“, Пол Мишел Системс со годишен приход од преку 800 милиони долари, со повеќе од 90 производи во понудата и преку 105,000 салони за нега на коса ширум светот.