Соларна јакна која свети во мрак и се однесува како да е жива
Марката Volleback се врати со уште една облека на сончевата енергија. Потпирајќи се на својата трчачка јакна со соларен погон, која беше погласена како една од најдобрите пронајдоци од страна на списанието TIME, брендот сега ја воведува својата јакна Solar Charged Puffer, дизајнирана да ги издржи најстудените и најмрачните места на Земјата.
За три години, создадоа јакна што не само што свети во темница, туку ве загрева на температура од -20 ° C. Основната технологија што го дозволува ова е ултра-тенка полиуретанска мембрана, веднаш под површината на јакната, која е исполнета со соларна енергија и што подоцна испушта топлина.
Конструирана со фосфоресцентно соединение, јакната брзо складира секаква светлина со која доаѓа во контакт и полека ја емитува со текот на времето. Мембраната се однесува како да е жива, ја апсорбира сончевата светлина како растение, а потоа ја емитува за време на мракот.
Заедно со про транспаретната најлонска мрежа, лесната мембрана се наоѓа на надворешната страна на јакната. Во текот на денот, тампон-јакната изгледа целосно бела, така што сјае со криптонитна боја во мракот.
Соларната јакна на Volleback е достапна по цена од 1.315 американски долари.
Фото: Hyperbeast