Сопки во Ирска, Шкупи реагира, не им било дозволено да слетаат во Даблин, бара да интервенира МНР!
Денес во Даблин од 21.00 часот, Шкупи ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лига Европа против Шамрок Роверс.
Македонскиот тим очекува добар резултат на првата средба, но од Ирска стигнуваат информации за неспортскиот третман.
На делегацијата на Шкупи не и било дозволено да слета во Даблин, а слетале на 300 километри од местото каде се игра натпреварот, иако патуваат со чартер-лет. УЕФА интервенирала, но немало позитивен одговор од Ирска! Според планот, по натпреварот вечерва, делегацијата на Шкупи повторно мора да патува 300 километри надвор од Даблин, за да се врати дома.
Шкупи бара од Министерството за надворешни работи да интервенира и протестира кај Владата во Ирска, по мечот вечерва да патува за Скопје од Даблин.
Од Шкупи порачуваат, овие неспортски игри не прават само посилни, ние сме тим со силен карактер, и тоа ќе го покажеме на теренот, ќе ги победиме овие евтини трикови.
Шкупи во соопштението прашува, дали ќе беше вака третиран како клуб, ако доаѓаа од земја како Италија, Шпанија …