Сопругот на Марина Туцаковиќ: „Уморна е и здробена, но таа не умира како што велат“
Таа е еден од најдобрите текстописци на овие простори. Напиша големи балкански хитови, а во ивотот помина гологота- еднаш кога го изгуби синот, а после и борбата со ракот...
„Цело време е заклучена во куќата, слабо се движи затоа што не може!“
Откако фотографијата на Марина Туцаковиќ, направена на одмор во Златибор, стана вирална на социјалните мрежи, нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута ги откри деталите за нејзината здравствена состојба.
- Што да ви кажам ... Целата оваа ситуација со корона вирусот уште повеќе влијае на нејзината состојба. Цело време е заклучена во куќата, слабо се движи затоа што не може. А, сето ова води кон депресивна состојба. Марина сега започна со шестиот циклус на хемотерапија – изјави композиторот.
- Нормално е да биде болна. Спие цел ден, не станува од кревет. Уморна е и здробена. Но, нека биде, нека одмори. Не ја допирам. Јас подготвувам сè што и треба, и носам храна, а нејзино е само да се одмори и да не биде изложена на стрес. Марина моментално е во таква фаза, нема сила да зборува, па затоа не одговара на телефон.
- Таа не умира, како што велат, тоа е само таков процес со сите тие терапии. Да се чувствувате лошо е само очекувана реакција. Само да издржи десет дена, па ќе биде подобро - заклучи Радуловиќ за Стар, а пренесуваат медиумите.
Фото: Instagram/laccanotlaca/