Составот „енигма“, желбата извесна, Македонија ќе игра на победа против Грузија

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува дуел со Грузија, претпоследен меч во Лигата на нации, актуелна борбата за првата позиција, шансите постојат, предноста е на страната на нашиот утрешен противник.

Грузија ја победи Македонија во Скопје со 3-0, имаат три бода повеќе од Македонија на табелата, но теоретските шанси за нашиот национален тим се „живи“ за првата позиција.

Потребни се две победи, против Грузија и Бугарија, а утрешниот наш противник да киксне против Гибралтар во последното коло, тоа е идеалниот расплет на настаните за националниот тим предводен од селекторот Благоја Милевски.

Милевски има доста проблеми, допатувавме и без Адеми во Тбилиси, претходно својот настап го откажаа поради повреда капитенот Ристовски, Чурлинов, Етеми …

Селектрот Милевски има доста сериозни проблеми, тимот не е комплетен, а ние сакаме победа.

Грузијците сакаат реванш за поразот од ноември 2022 година, тогаш овде во Тбилиси со голот на Горан Пандев обезбедивме пласман на ЕУРО.

Утре пред 55.000 гледачи, на стадионот на Динамо Тблиси „Борис Пајчадѕе“, Грузија сака да ни се одмазди за тој болен пораз.

„Овој меч за нас со Македонија е посебен, поради оној болен пораз пред две години, а сега играме пред полни трибини, и очекувам навивачите да ни помогнат. Многу се радувам што ќе играме пред полни трибини. Македонија има добар тим со квалитетни фудбалери, сè уште ни се конкуренти во групата и јасно е дека нè чека тежок меч“ – изјави Ника Квеквескири.

Дуелот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18 часот.