Стил // Хедонизам
Совршен додаток за лето: Мини врезија на шампањот „Armand de Brignac“
Брендот „Armand de Brignac“, кој произведува шампањ, се одлучи да ги лансира своите нови мали шишиња од 187 мл...
Со својота „Gold
Brut“ престижна куве експресија, „Les Petites D’Armand de Brignac Gold Brut“ ќе
ве освежи во секоја летна прилика. Лансирани за прв пат, само 1.000 од овие
шишиња кои се гледаат само на дневна светлина, претставуваат идеален и
ексклузивен подарок за летната сезона.
Како и сите шампањи на „Armand de Brignac“, шишињата и мини верзиите се рачно изработени, преку апликација за француски етикети од калај, додека тие се пакуваат во полирани и рачно изработени дрвени кутии. Во комбинација со златна боја, металик шишињата дефинитивно ќе ве асоцираат на лето.