Пред неколку години, НАСА објави дека е спремна да исплати 19.000 долари на секоја личност која е спремна да спие два месеци, заради научна студија...
Многу сметаат дека
ова е совршената работа и реално, никој не би се противел на ова. Сепак, новото
работно место кое само што е отворено привлече огромна внимание на интернет, а
всушност е идеално за сите љубители на автомобилите. Британскиот бренд кој се
занимава со луксуз „HushHush“, бара личност која ќе замине во Соеднитеите
Арапски Емирати и ќе бара напуштени ауперавтомобили кои ќе можат да се
продаваат преку нивниот сајт.
Напуштените суперавтомобили се всушност сосема вообичаена појава во Соединетите ултра богати Арапски Емирати, а посебно во Дубаи. Многу од нив ги остваат најбогатите луѓе, додека другите ги „забораваат“, бегаат од земјата поради строгите казни за неплатените долгови. Напуштените возила евентуално ги запленува полицијата, ако сопствениците на возилото не се јават до одреден временски период.
Личноста која ќе ја добие оваа работа ќе добие сместување во Дубаи, заедно со плата и патни трошоци. За да ја добиете оваа работа, треба да имате познавање за луксузни автомобили и новните вредности, мора да знаете да преговарате и мора да бидете способни да пронајдете контакт со сопственикот или финансиската компанија каде што е регистрирано возилото.
Компанијата ќе ви плати околу 40.000 долари како додаток за секој пронајден автомобил, кој ќе се продаде. Арон Харпин, основачот на оваа британска компанија изјави: „Ова е сјајна прилика за некој, но и за нас секако. Неверојатен е фактот колку напуштени возила постојат и ние сакаме да заработуваме од нив и да им го понудиме апсолутно најдоброто на нашите клиенти. Исто така, поради својата реткост, нашите возила можат да имаат висока вредност и ќе бидат неверојатна инвестиција“.