Создавајте, учете и релаксирајте се со Samsung Galaxy Tab S6 Lite
Новиот таблет доаѓа со редизајнирано S Pen пенкало и врвен екран за уште повеќе забава
КомпанијатаSamsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот Galaxy Tab S6 Lite, достапен таблетсо исклучителен стил, дизајниран за работа и за игра. Со голем екран, тенко и компактно тело, со редизајнирано S Pen пенкало, Galaxy Tab S6 Lite е идеален за зачувување на белешките и уживање во омилената содржина.
„Работата станува сè пофлексибилна и се вселува во нашите домови, претопувајќи се со нашето лично време.Дополнително, современиот живот ни наметнува сè побрзо темпо, па и на корисниците им е потребен прилагодлив уред, кој може неприметно да се вклопи во нивниот животен стил“,речеWoncheol Chai, SVP и директор на тимот за планирање на производи во одделот за мобилна комуникација во компанијата Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 Liteи новиот S Pen доаѓаат со најновата технологија за да им помогнат на корисниците да останат организирани, да раководат добро со мултитаскинготи да ги забележуваат своите идеи без напор, овозможувајќи им да го трошат времето на она кое што им е најважно.“
Создадете повеќе со помалку притисок со редизајнираниот S Pen
Без разлика дали ќе го користите таблетот за работа, учење, или во слободното време, надградениот S Pen е совршен асистент за правење белешки и мултитаскинг. Доаѓа со нов дизајн што го прави практичен и удобен при користење како традиционално пенкало.Тежи само 7.03g, додека неговиот врв е голем само0.7mm, што го прави лесно и истовремено и попрецизно пишувањето на белешки и цртањето. Пенкалото со помош на магнет се става на десната страна на таблетот или во заштитната футрола, со што корисникот ќе биде сигурен дека никогаш нема да го изгуби. Со оглед на тоа дека S Pen моделот на Tab S6 Lite нема батерија, не постои грижа за случајно празнење на батеријата додека работите.
Користејќи ги пенкалото и Samsung Notes апликацијата, корисниците можат веднаш да ги трансформираат рачно напишаните белешки во текстуален фајл[1]. Со помош на тоа, корисниците можат да ги пребаруваат и категоризираат своите белешки на едноставен начин, обележувајќи важни пасуси. Дополнително,содржината која ги интересира може да ја разгледаат одблизу со зум опцијата до 300%. Сите ваши белешки може лесно да се експортираат во PDF, JPEG, текст или Microsoft Word формат.
Практичен и лесен
Со 10,4-инчен екран и тенка рамка, Galaxy Tab S6 Lite има широк дисплеј со кој ја привлекува заинтересираноста на корисниците. Лесниот и компактен дизајн го прави таблетот идеален за мултитаскинг, собирање белешки и гледање видеа или филмови. Опремен со најновата верзија на One UI, посебно дизајнираниот Samsung корисничкиинтерфејс, оптимизиран за поголемиот екран на таблетот, Galaxy Tab S6 Lite носи интуитивно корисничко искуство со поедноставни алатки за навигација, со што се олеснува преминувањето од апликација во апликација.
Таблетот е достапен во две бои[2], сива исина, со соодветен S Pen и опционална заштитна футрола.
Подобрени можности за забава
Новиот Galaxy Tab S6 Lite носи интелигентни, корисни и забавни функции, кои го прават слушањето музика, гледањето видеа, онлајн купувањето или поврзувањето со пријателите, полесно и позабавно.За одличен, сеопфатен звук на Galaxy Tab S6 Lite задолжени се AKG и Dolby Atmos 3D звучниците, така што без разлика дали корисникот гледа YouTube видео, ја гледа омилената емисијаили ја слуша својата плејлиста, звукот ќе биде со врвен квалитет.
Samsung склопи партнерства со YouTube и Spotify, за што повеќе различни достапни содржини на уредите на Galaxy. Корисниците на овој таблет можат да уживаат во видеа без реклами на YouTube, да преземаат и гледаат видеа без интернет, како и бесплатно да пристапуваат до апликациите YouTube Music и YouTube Kids сопомош на услугата YouTube Premium за првите 4 месеци[3]. Spotify се интегрира во корисничкиот интерфејс на Galaxy Tab S6 Lite, за да можат корисниците лесно да пребаруваат музика и подкасти, па дури и да ја постават нивната омилена песна како аларм[4]. Galaxy Tab S6 Lite има можност безжично да се поврзе на вашиот домашен звучник[5], овозможувајќи да пуштате музика од други уреди.
Galaxy доживување во домот на корисникот
Преку Samsung сметката на таблетот, корисниците можат да примаат и праќаат пораки, како и да телефонираат[6], дури и кога нивниот телефон не е во нивна близина. Исто така, можат да останат во контакт со своите пријатели и колеги користејќи ги видео повиците преку Google Duo на Galaxy Tab S6 Lite[7]. Со помош на подобрениот дисплеј Daily Board можат да ја контролираат музиката, да го гледаат календарот или временската прогноза, како и да пишуваат потсетници и кратки пораки. Новите опции на Bixby,како Bixby Voice, Bixby Vision и Bixby Routines ја подобруваат општата продуктивност и корисничкото искуство.
Galaxy Tab S6 Lite е уред, кој може да го користи целото семејство. Со апликацијатаSamsung Kids[8] корисниците можат да го ограничат дневното време за играње или да ограничат пристап на одредени апликации и на тој начин безбедно да ги воведат децата во дигиталниот свет, со возбудливи апликации за учење и играње.
Спецификации на производот
Galaxy Tab S6 Lite Спецификации | ||
Екран | 10.4” 2000x1200(WUXGA+) TFT[9] | |
OS | Android 10 (One UI 2) | |
Боја | сива, сина | |
Димензии и тежина | 244.5 x 154.3 x 7.0 mm, 465g (LTE ver: 467g) | |
Камера | Предна: 5.0 MP (F2.0) Задна: 8 MP (F1.9) | |
Меморија / Storage | 4GB RAM 64GB / 128GB внатрешна меморија Micro SD slot (до 1TB) | |
Chipset | Quad core 2.3GHz + Quad core 1.7GHz | |
Капацитет на батеријата | 7,040mAh (Типично), AFC[10] | |
Конекција | Wi-Fi, BT | Wi-Fi: 802.11 a/b/g/n/ac 2.4GHz+5GHz, Wi-Fi Direct, BT 5.0 |
LTE | 3CA (Cat.11) | |
Конектори | Type C USB 2.0, 3.5mm влез за слушалки | |
Сензори | Акцелерометар, жироскоп, RGB, Hall сензор | |
GPS | GPS + GLONASS | |
Аудио | Dual AKG звучници, Dolby Atmos® | |
Видео | Снимање: FHD (1920x1080) @ 30fps Плејбек: UHD 4K (3840 x 2160) | @120fps | |
Додатоци | Заштитна футрола за таблет, Headset, USB конектор, батерија, полнач[11] |
* Сите карактеристики може да се разликуваат според пазарот.
**Сите спецификации и описи може да бидат различни од вистинските спецификации и описи на производот. Samsung го задржува правото да направи измени на содржината на оваа страница без ограничување, вклучувајќи податоци за опциите, спецификациите, GUI (графички кориснички интерфејс), слики, видео перформанси, дизајн, цени, компоненти и достапност, без претходна најава.
#####
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината.Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијатаи LED технологијатата. За дополнителни информации и вести, посетете ја http://news.samsung.com.
[1]Функцијата за експортирање на текст е поддржана на апликацијата Samsung Notes. Достапноста може да варира во зависност од јазикот.
[2] Достапноста на бои може да варира во зависност од пазарот.
[3] YouTube Premium е достапен само на одредени пазари. Само нови претплатници на YouTube Premium имаат право на оваа понуда.
[4]Уредите треба да бидат регистрирани на Spotify Connect при првата употреба.
[5]Звучниците мораат да имаат Bluetooth или Wi-Fi конекција.
[6]Можноста за поврзување и праќање пораки со уредот може да варира во зависност од земјата и операторот.
[7] Google Duo поддржува видео повик до дванаесет други корисници.
[8] Достапноста на Samsung Kids може да варира во зависност од земјата, уредот и карактеристиките. Погледнете повеќе информации на веб-страницата, https://www.samsung.com/kids.
[9]Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се пресметуваат заоблените агли.
[10]Типична вредност тестирана под лабораториски услови. Типичната вредност подразбира проценета просечна вредност со оглед на отстапувањето на капацитетот на батеријата кај примероците на батеријата тестирани под IEC 61960 стандард. Оценет (минимум) капацитет е 7,040 mAh.
[11]Овие аксесоари се достапни да се купат засебно.