СП Катар: Хрватска - Мароко за трето место, ФИФА богато ќе ги награди најдобрите четири репрезентации

На мундијалот во Катар денеска од 16 часот се среќаваат Мароко и Хрватска за третото место и бронзениот медал.

Ова е увертира за најважното на мундијалот, утрешното финале меѓу Франција и Аргентина.

ФИФА богато ќе ги награди репрезентациите кои играат на завршните два меча, фондот од 440 милиони долари ќе биде распреден на следниот начин:

  1. Место 42 милиони долари
  2. Место 30 милиони долари
  3. Место 27 милиони долари
  4. Место 25 милиони долари