Спорт // Спорт
                    
                    
                
                
                СП Катар: Хрватска и Аргентина за финале на мундијалот
                    Денеска на мундијалот во Катар се игра првиот полуфинален дуел, Хрватска -Аргентина играат за место на завршниот турнир на светското првенство.
Хрватска на три од шест настапи на мундијалите ја минуваше групната фаза, и секогаш стигнуваше до полуфинале. На светското првенство во Русија преку Англија стигна до финале и освои сребро.
Аргентина и Хрватска досега играа четири меча , двете селекции имаат по две победи.
Дуелот се игра од 20 часот.