Спорт // Спорт
СП Катар: Колку вредат играчите на Хрватска, а колку на Аргентина, неверојатна разлика
Хрватска и Аргентина утре во 20 часот го играат полуфиналниот меч на мундијалот во Катар.
Победникот ќе оди во финале и на дуел од подобриот меѓу Франција и Мароко кој се игра в среда.
Аргентина според вредноста на играчите на трансфер берзата е фаворит. Целиот тим на Хрватска е проценет на 377 милиони евра,
Вредноста на Аргентина е речиси двојно поголема и изнесува 645 милиони евра.
Најскап играч според „Трансфермаркт“ е Лаутаро Мартинез кој е проценет на 75 милиони, Гвардиол со 60 милиони евра е најскапиот играч кај „коцкестите“, моторот на тимот, Лука Модриќ е проценет на 10 милиони евра.