СП Катар: Време е за финале, Аргентина -Франција, кој ќе се радува, Меси или Мбапе

Денеска на мундијалот се игра последниот меч, време е за големото финале, Аргентина-Франција (16.00ч.), супердерби на една ѕвезда која е пред заминување, и една чие време допрва доаѓа, кој ќе се радува, Меси или Мбапе …

Мбапе и Меси се дел од ПСЖ, ќе биде интересно да се види како ќе одиграат, речиси сите во светот се убедени дека Аргентинецот ќе се радува на крај, но Мбапе и Франција имаат што да кажат.

Статистички се прават големи споредби, еве како изгледа статистиката на Мбапе и Меси кога тие имале по 23 години, секако во различно време:

Ова финале за многумина  еисториско,  Меси има 35 години и сака да го освои единствениот трофеј што му недостига,  Мбапе има шанса да ја освои втората титула светски шампион на само 23 години, да го повтори резултатот на  Бразилецот Пеле во 1962 година.