Спалети „индиректно“ му одговори на Елмас за „клупата е моја прва љубов“

Наполи во супер интересен меч ја победи Болоња со 3-2, а нашиот Елиф Елмас доби 20 минути за игра.

Елмас пред овој натпревар на социјалните мрежи порача „ клупата е моја прва љубов“, а по средбата со Болоња, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети возврати:

„Резервистите во второто полувреме повторно го сменија резултатот на натпреварот, тоа значи дека ако сте на клупата на почетокот од средбата,  ништо не менува“, рече Спалети.