Специјално со Горан Пандев за Божиќ: Мојата фамилија е најголемата инспирација за мене и кога ми е најтешко

Најдобриот! Врвен бренд на Македонија! Единствен во својата игра и професионалност! Фудбалр со златно срце! За Горан Пандев можат да се редат епитети до бескрај, но секој е заслужен и оправдан. Беше главно име за некои од најголемите европски тимови за кои играше во текот на целата своја кариера. Огнениот напаѓач се покажа како жесток конкурент со силно физичко присуство и силен удар кој ги надитри и најдобрите европски голмани. Играше на 122 натпревари во дресот на Македонија, капитен долго време, но минатата година заслужено се повлече од репрезентацијата. Беше испратен со овации!!!

За Машки магзин го контактиравме во Италија, а тој ни откри интересни нешта.

-Сигурно е 2021 година ќе ја паметам по многу нешта! Оваа година за мене ќе биде во вечно сеќавање бидејќи ми се оствари најголемата желба на професионален план да играм со Македонија на Европско првенство, сонот што го сонував од детство ми се исполни и претстојот, натпреварите, нашите фантастични навивачи ми беа како од бајка!Поголемо задоволство од тоа не можев да си посакам-  ни рече Пандев.

* Дали се испалти духовно сето она што го созававте низ годините- вашата пожртвуваност во спортот, неприкосновениот борбен дух и желбата за професионална надоградба?

- Сигурно дека големата желба, пожртвуваност, професионалност, вербата ви себе да успеам во тоа што го работам се исплати бидејќи јас уште кога почнав да играм фудбал, секој ден, секој тренинг за мене беше докажување!

* Што Ве води во животот? Дали имате нешто кое ви дава сила и тогаш кога ви е тешко?

- Сигурно дека мојата фамилија е најголемата испирација за мене и кога ми е најтешко тие се мојата најсилна енергија.

4. Кој момент од Вашата кариера го сметате за најголем успех? 

- Има многу убави моменти во мојата кариера! Сигурно пласманот со Македонија на Европскои освојувањето со Интер лига на Шампиони.

* Како ви годи Италија? Дали се чувствувате исполнето со оглед на тоа што многу работи таму се средени?

- Италија за мене и мојата фамилија е нашиот втор дом. Оваа земја е преубава, едноставно менталитетот е сличен на нашиот и ви нуди се што е потребно за една фамилија.

* За кој наш фудбалер сметате дека има големи шанси да стане Европска па и светска фудбалска ѕвезда?

- Македонија има многу таленти и топ играчи! Мислам дека Елиф Елмас може да стане голема звезда и да ги освои многу титули.

Инаку, Пандев Новогодишните и Божиќните празници ги поминува работно во Италија бидејќи во тој период има тренинзи и натпревари. За Новата година и за празникот Божиќ секогаш е дома со фамилијата, заедно со сопругата Надица и децата го украсуваат домот и трпезата и уживаат во Божиќниот спокој.

А, еве ја неговата порака до нашите читатели:

„Лично за мене и за читателите посакувам оваа година да има здравје, да бидеме среќни, да ги нема веќе овие болести како ковидоти на сите им посакувам нивните желби да им се исполнат…Голем поздрав

Небојша Толески

Фото: Приватна архива