Спектакл во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Денеска беа одредени двојките за четвртфиналето во фудбалската Лига на шампионите, а и можните двојки во полуфиналето.

Италија има гарантирано место на еден тим во полуфиналето, а доколку Интер биде подобар од Бенфика,  тогаш и финалист за Истанбул на 10 јуни.

Двојки од четвртфиналето на Лигата на шампионите:

Реал Мадрид – Челзи
Бенфика – Интер
Манчестер Сити – Баерн
Милан – Наполи

Полуфинални двојки од Лигата на шампионите:

Милан/Наполи – Бенфика/Интер
Реал Мадрид/Челзи – Манчестер Сити/Баерн

Првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите ќе се играат на 11 и 12 април, а реваншите на 18 и 19 истиот месец.

Полуфиналните натпревари се закажани за 9 и 10 и 16 и 17 мај истиот месец.