Спектакуларен одраз на луксуз: Прв Бентли станбен проект
Фото: Robb Report
И додека познатите брендови на автомобили оставија силен
белег во светот на хорологијата и модата, сега тие имаат за цел сосема поинаква
сфера од нашите животи
Се повеќе брендови прават напредок во областа на архитектурата и дизајнот, особено во Мајами, каде што можеме да ги видиме кулите Porsche Design и Resonences на Aston Martin. Сега, друга марка сака да го заземе своето место на таа величествена листа – Bentley Motors, најавувајќи изградба на облакодер висок 228 метри кај плажата Sunny Isles Beach.
Бентли се здружува со Dezer Development за да работи на овој проект, што го претставува нивниот прв луксузен станбен концепт досега. Дезер, кој сигурно не е почетник кога станува збор за брендирани резиденции, во својата биографија ги има облакодерите Armani/Casa и Porsche, а за двата проекти тие соработуваа со архитектите Sieger Suarez Architects.
Се разбира, многу потенцијални купувачи се прашуваат какви придобивки ќе имаат тие во автомобилскиот свет ако купат еден од ултра луксузните станови во новиот облакодер Бентли? Секоја од 200 станбени единици ќе има своја приватна гаража за повеќе автомобили, што значи дека паркирањето никогаш нема да претставува проблем. Патентиран лифт за автомобили ќе го донесе вашиот автомобил директно во вашето живеалиште, дури и ако не е бренд Бентли.
Апартманите се дефинитивно спектакуларни - секој ќе има свој приватен балкон, базен, сауна и тушеви на отворено, со поглед кон океанот и заливот, прозорци од подот до таванот и максимална удобност. Надвор од становите, заедничките простории за станарите вклучуваат теретана, базен, спа центар, ресторан, ложа, приватно кино, виски бар и беспрекорно уредена градина.
Bentley Residences Miami ќе биде изграден во согласност со градежните сертификати на Florida Green Building, со што ќе се троши помалку електрична енергија, имајќи минимално влијание врз природната средина.
Според проценките, изградбата на овој проект ќе започне во 2023 година, а датумот на завршување е закажан за 2026 година. Во меѓувреме, заинтересираните купувачи можат да ја посетат официјалната веб-страница на проектот и веќе да ги резервираат своите омилени станови.