„Спијам со твојата жена со години, а таа вели дека сум многу подобар во кревет од тебе“: Му рекол на семејниот пријател, по што следела непријатна понуда

Љубовниот живот на Питер О’Тул, легендарниот ирско-британски актер, беше речиси подеднакво бурен и интригантен како и неговата актерска кариера. Познат по својата харизма, духовитост и боемски начин на живот, О’Тул привлекуваше внимание и со своите улоги, и со своите приватни врски.
Актерот беше во брак со велшката актерка Сијан Филипс од 1959 до 1979 година. Нивниот брак беше бурен и обележан со чести разделби, делумно поради прекумерното консумирање алкохол од страна на О’Тул и неговиот непредвидлив темперамент.
Сијан Филипс во своите мемоари отворено зборуваше за емотивното малтретирање за време на бракот, опишувајќи го како исклучително тежок период, и покрај големата љубов на почетокот. Од тој брак ги добија двете ќерки, меѓу кои и актерката Кејт О’Тул.Врски по бракот
По разводот, Питер О’Тул повеќе не се ожени, но имаше значајна и долгорочна врска со американската манекенка Карен Браун, со која доби син во 1983 година. Иако никогаш не стапија во брак, Карен и Питер заеднички го одгледуваа синот, а О’Тул остана посветен татко.
По раскинувањето со Карен, неговиот приватен живот станува значително повлечен. Не беше познат по голем број кратки романси со јавни личности, туку повеќе беше посветен на работата, семејството и здравјето (особено откако поради сериозни здравствени проблеми во 1970-тите мораше да престане да пие).
Беше толку популарен меѓу жените, што го споредуваат со најголемиот љубовник на сите времиња – Дон Жуан.
Во љубовни односи почнал да влегува многу рано – уште како дете. Невиноста ја изгубил на тринаесетгодишна возраст, и тоа со стриптизета и вдовица од Шпанија, која била во педесеттите години и која, наводно, пет месеци го „подучувала“ во љубовните вештини. Сепак, кога таа му предложила во нивниот однос да вклучат и еден нејзин клиент кој би платил за тоа, О’Тул одбил и ја прекинал таа „врска“. Потоа почнал често да ги менува партнерките и, би се рекло, долго не застанал.
Љубел некои од најубавите жени во историјата на филмот, па така не му одолеала ни Одри Хепберн, со која соработувал на снимањето на филмот „Како да се украде милион“ во 1965 година. Парот се запознал додека Одри била мажена за Мел Ферер, а биле заедно цело време додека траело снимањето. Актерката потоа останала бремена, но не знаела кој е татко на детето. По еден месец, доживеала спонтан абортус, што многу тешко му паднало на Питер. Како што им признал на пријателите, бил лудо вљубен во неа.
– Верувам дека актерката мора барем малку да биде вљубена во главниот актер, и обратно – рекла е Одри при нивната прва средба.
Но, Одри не била единствената убавица од тој калибар што ја магепсал Питер О’Тул: Елизабет Тејлор му запнала за око уште во 1960 година, додека била мажена за Еди Фишер. Посакала да провери дали постои хемија меѓу нив за потребите на снимањето на филмот „Клеопатра“, и се договориле да се сретнат во еден лондонски хотел. Актерот, кој тогаш бил во брак, му се пожалил на својот пријател дека бил преплашен.
– Требаше да одам да ја е**м Елизабет Тејлор, што е нешто по што копнее барем половина од машката популација на светот. Првпат во животот бев нервозен со жена, се плашев дека ќе го критикува мојот настап – се пожалил О’Тул.
Очигледно се покажал: можеби не бил нејзиниот Марко Антониј во „Клеопатра“, но соработувале цела деценија и на крајот глумеле заедно – и тоа со своите сопружници, Ричард Бартон и Сијан Филипс, во филмот Under Milk Wood.
Бартон и тој биле блиски пријатели, најдобри другари за опивање, а шест години откако започнала неговата сексуална врска со Елизабет, му рекол на колегата, за кого таа во меѓувреме се омажила:
– Ја е**м твојата жена со години, а таа ми вели дека сум многу подобар во кревет од тебе.
Сепак, таа не била единствената жена што ја делеле – со Ава Гарднер биле истовремено, па дури имале и секс во тројка.
Извор: still.kurir