Според жените, ова е парфемот кој ги привлекува кај мажите

Веб-страницата Faveable спроведе анкета и им даде на жените 97 машки мириси за тестирање. Според нив, Gentlemen only absolute на Живанши е на самиот врв.

Зошто?

Мирисот е богата варијанта на џентлменот во своето најдобро издание. Наменет за префинет и елегантен маж, овој парфем е инспириран од високата мода на куќата Живанши. На жените им создава чувство на неверојатна привлечност и некоја чудна топлина... 

Остриот, малку метален бергамот на врвот води до топло срце кое содржи трио зачини: морско оревче, цимет и шафран. Сензуалната комбинација на сандалово дрво и ванила ја обвива основата на парфемот.