Спортклуб потпиша договор со Вардар за преноси од втората лига

Како што дознава фактор.мк, спортскиот канал од регионот, Спортклуб, потпиша договор со ФК Вардар за преноси од натпреварите на домашен терен во втората лига.

Вардар и Спортклуб ќе соработуваат во следните три години, преноси од домашните натпревари на најтрофејниот македонски фудбалски бренд, ќе се гледаат во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и секако во Македонија.

Со оглед на фактот дека следниот натпревар Вардар го игра на гости, прв пренос од тековната сезона се очекува од 6. коло кога црвено-црните го пречекуваат тимот на Локомотива.

Спортклуб емитува директни преноси и од македонската прва лига, од домашните натпревари на Академија Пандев.