Србинот Никола Ескиќ од Брегалница се пресели во литвански прволигаш
По претходните трансфери на Мартин Стојанов во бугарскиот прволигаш Септември Софија и на Јован Манев во турскиот суперлигаш Адана, Брегалница го договори и трансферот на уште еден свој фудбалер ова лето, српскиот интернационалец Никола Ескиќ.
Раководствата на двата клуба и официјално ги договорија сите услови за продажба на Ескиќ кој својата кариера ја продолжува во литванскиот прволигаш Ритериаи. Двете страни ги прецизираа деталите околу договорот со кој Брегалница добива финансиска отштета, па 24-годишниот Ескиќ денеска и официјално е промовиран во дресот на тимот од Литванија.
„Сакам да искажам благодарност до Брегалница, раководството на клубот и сите навивачи за прекрасната една година која ја минав во овој тим. Сега пред мене е нов предизвик, а на Брегалница искрено и посакувам остварување на сите зацртани амбиции за новата сезона“ - истакнува Ескиќ.
Ескиќ во Брегалница пристигна на почетокот од минатата сезона, а претходно во својата кариера има настапи и за српските Напредак и Бачка.