„Срцето не прашува за годините, срцето знае само што чувствува“: Ал Пачино фотографиран со неговата 54-години помлада девојка

81-годишниот холивудски актер Ал Пачино е снимен додека бил надвор со својата 54-годинипомлада девојка, ТВ продуцентката Нур Алфала (28). Парот не обрнал внимание на папараците кои ги фотографирале додека излегувале од ресторан во Лос Анџелес. 

Двојката е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзана со Клинт Иствуд.

„Срцето не прашува за годините, срцето знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна", изјави таа еднаш во интервју за Hello за нејзината врска со фронтменот на Ролинг Стоунс.


Фото: Профимедиа