Средба на престедателот на ФФМ, Муамед Сједин и градоначалникот на Струмица на средба во „куќа на фудбалот“
Во “Куќа на фудбалот”, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини имаше работна средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Една од темите за која се разговараше со првиот човек на општина Струмица беше актуелната состојба на функционирање на клубовите од тој регион, нивниот потенцијал (инфраструктурен и кадровски) и се разбира, можноста за напредок на фудбалските клубови од регионот.
Претседателот на ФФМ ја искажа решителноста на федерацијата за придонес кон подобрување на фудбалската клима во источниот фудбалски регион, на начин на кој што федерацијата дава придонес за подобрување на квалитетот во сите Општински фудбалски Сојузи.
Општина Струмица дава голема поддршка и докажано е голем пријател на спортските клубови, а градоначалникот Костадинов потврди дека за нив најважна е стабилноста и напредокот на клубовите од струмичкиот регион.