Среќата не постои без здравје, а здравјето не постои без ОВА
Познатиот руски протоереј Андреј Ткачов ни кажува што е потребно за човекот да го подобри здравјето и уште поважно, она што го заборавивме - силата на телото и умот и нивната меѓусебна, нераскинлива врска!
„Може да имате здравје и да немате среќа, и обратно - можете да имате среќа, но не и здравје. Луѓето денес се опседнати со здравјето - и јасно е дека сите сакаат да бидат здрави, но тоа не е она што ќе ви донесе среќа! За среќа и потполно здравје е потребно за да се оддалечиме од современиот начин на размислување на кој целосно се префрливме и се отргнавме од природните работи кои всушност прават еден човечки живот.
Сите разбравме што значи да имаме болен стомак, бели дробови, уво. Но, колкумина од нас разбираат како изгледа кога душата е болна? Дали знаете како душата може да боли? Неа ја јадат болеста и страста.
На пример, зависта очигледно не му штети на здравјето на една личност, но исто така го уништува црниот дроб и го јаде внатре. Алчноста ги заслепува очите, тие веќе не гледаат што е и што не е важно, туку бараат и викаат: „Дај, дај!“
Овие се основните темели на здравјето на телото и душата, на целиот организам! Значи, за да бидеме целосно здрави, нашата душа мора да биде здрава, што значи да се исчистиме од смртните гревови што нè јадат одвнатре и минуваат од душата до остатокот од телото.
Наместо да ја промените исхраната, прво сменете го вашиот начин на размислување. Наместо да исфрлате шеќер, најпрво исфрлете ги озборувањата од вашиот живот. Наместо месо, исфрлете ја зависта ...