СРЕЌАТА СО ПАРИ НЕ СЕ КУПУВА: А, колку пари за подолг живот?
Парите не можат да купат љубов, но можат да купат подобро здравје. За да живеат што е можно подолго, богатите во светот се подготвени да платат.
Во текот на изминатите неколку децении, животниот век на просечниот човек се зголеми речиси насекаде во светот. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во Кина, САД и поголемиот дел од источна Европа, просечниот животен век достигна до доцните 70-ти години. Луѓето во Западна Европа и Јапонија, пак, можат да очекуваат да живеат до раните 80-ти.
Меѓутоа, повеќето богати луѓе сметаат дека може да живеат уште подолго - многу подолго, дури две децении повеќе од просекот. Во новата анкета на УБС за финансиски услуги, 53 проценти од богатите инвеститори велат дека очекуваат да живеат до 100.
Според податоците на ОЕЦД просечната Јапонка сега има очекувано траење на животот од 87 години, , во споредба со 81 година за мажите. И многу студии покажаа дека богатите имаат подолг животен век.
Во САД, на пример, најбогатиот 1 процент од американските жени живеат 10 години подолго од најсиромашниот 1 процент, покажа студијата од 2016 година во Journal of the American Medical Association. За мажите, јазот помеѓу најбогатите и најсиромашните Американци е скоро 15 години.
Богатите, исто така, се чини дека знаат дека живеењето до 100 е скапа иневстиција, која бара повеќе трошоци за здравствена заштита, подобра храна, вежбање и други услуги кои можат да го продолжат животот. Исто така, мора да платите за сè што доаѓа. Во истражувањето на УБС, кое се фокусираше на луѓе со повеќе од еден милион долари во инвестициски средства, 91 отсто рекле дека „прават финансиски промени поради зголемениот животен век". Дури и богатите се грижат за зголемените трошоци за здравствена заштита.
Богатите сѐ повеќе сакаат да жртвуваат пари за дополнителна долговечност. Девет од десет богати луѓе се согласија дека „здравјето е поважно од богатството". На прашањето од УБС колку од нивното богатство би сакале да го откажат за „да живеат дополнителни 10 години здрав живот", просечните одговори варираа од нивото на богатство. Инвеститорите кои се едвај милионери, со 1 до 2 милиони долари во нето вредност, беа подготвени да се откажат од една третина од нивното гнездо за уште една деценија од животот. Инвеститорите со повеќе од 50 милиони долари се подготвени да учествуваат со речиси половина од своето богатство за да обезбедат подолг живот.