Срушена е теоријата на заговор: Еве на кој начин се вее знамето на Месечината

Националната администрација за воздухопловство и вселена на САД (НАСА) одлучи да ги предизвика сите оние што веруваат во една од теориите на заговор.

- Мислите дека не слетавме на Месечината? Или дека Земјата е рамна плоча? Истражуваме која било од теориите на заговор и лажните вести во специјалот по повод  Ноќта на вештерките - прашајте нè што сакате.
Кои тајни планови мислите дека сме ги правеле низ годините? Споделете ги со нас! - напишаа претставниците на оваа агенција на официјалниот Твитер профил на НАСА, каде ги следат повеќе од 41 милион луѓе.

Се разбира, многумина со ентузијазам го поздравија овој предизвик и поставија голем број прашања и претпоставки, на што експертите на НАСА одговорија, а читателите присуствуваа на разбивањето на теориите на заговор.

Секако, едно од прашањата беше неизбежно - ако луѓето навистина слетаа на Месечината, како е можно на видеото да се вее американското знаме, како да има ветер, а се знае дека во вселената нема воздух.

Одговор на НАСА: Ви благодариме за ова прашање! Знамињата изгледаат како да се веат, но тие всушност се нишаат. Нишањето на Земјата се случува поради гравитацијата и отпорот на воздухот, но на Месечината сè што се лула продолжува да се движи/ниша многу подолго.