Станавме ли мета за хакирање претседателски избори: По оној со Трамп, Венецуела обвинува за хакерски напад од Северна Македонија

По гласањето во неделата, Изборната комисија во Венецуела прогласи победа на авторитарниот претседател Николас Мадуро со 51,2% од гласовите. Опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес, според Изборната комисија, добил 44,2% од гласовите. Опозицијата не ги признава резултатите и ја обвинува власта за изборна измама. Сомневања во официјалните резултати изразија и САД и низа латиноамерикански држави. Во истражувањата на јавното мислење пред изборите се исцртуваше јасна победа на опозицијата.

По контроверзните претседателски избори. Обвинителството зборува за хакерски напад врз изборната комисија кој дошол од Северна Македонија.

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја. Според главниот обвинител Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал. Зад нападот стојат опозициската лидерка Марија Корина Мачадо и двајца други познати противници на венецуелската влада, тврди Сааб. Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија, се вели од Обвинителството.

Само пред неколку години, светски медиуми објавија текстови за Велес кој е домот на сајтови кои го фаворизираат републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Еден од сопствениците на таков сајт вели тоа го правел за да заработи пари. И експертите сметаат дека не се работи за политички интереси, туку за пари.

Велес уште еднаш се најде на страниците на познатите светски медиуми и повторно за истата тема. По Гардијан овој пат на неколку денови пред претседателските избори во САД и Базфид пишуваше за феноменот на отворање страници кои го фаворизираат републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Како прва вест на еден од сајтовите е дека Трамп ќе поднесе обвинение против демократскиот кандидат Хилари Клинтон. Во текстот се коментира дека најверојатно тој ќе биде наредниот претседател на земјата. Целиот текст, како што е наведено на страната е преземен од друг сајт- сајтови креирани од кај нас.