Старински напиток за кашлица: Се приготвува еднаш дневно и се пие пред спиење - се верува дека го смирува организмот

Повеќето од нас го паметат прегореното млеко како најголемиот кошмар од детството, но луѓето на нашите простори цврсто веруваат дека млекото подготвено на овој начин е добро за смирување на кашлицата

Карамелизиран шеќер, млеко и маст - е пијалокот на нашето детство. Тоа е стар рецепт кој загрижените мајки го подготвувале секогаш кога ќе почнеме да кашламе, и сме ги чувствувале првите симптоми на грип.

Постојат 3 начини да ја направите оваа напивка:

1. Шеќер, млеко и маст (од свиња или од гуска)

Во мало тенџере карамелизирајте 2 лажички шеќер, па додека уште врие додадете го млекото и мешајте додека шеќерот не се раствори. Кога ќе истурете во шолја, додадете една лажичка свинска маст  и полека пијте додека е млако. Вкусот не е лош, иако се додадава сало.

2. Млеко, маст и мед

Млекото се загрева додека не зоврие, а потоа се додаваат маснотиите. Кога пијалокот ќе се олади, додадете една лажица мед и испијте ја пред спиење. Доколку чувствувате треска, најдобро е убаво да се завиткате во ќебе и да заспиете веднаш по оваа напивка.

3. Шеќер, млеко и едно гранче жалфија

Шеќерот се карамелизира, а потоа се додава млекото. Додека млекото сè уште врие, во него се става гранче жалфија и по неколку минути се трга од оган, се процедува и се пие додека напитокот е уште топол.

Бидејќи ова е стар народен лек, има многу варијации. Споделете го вашиот рецепт со нас во коментари?


Извор: stil.kurir.rs