Стариот волк го рекламира „парфемот“ на кој жените паѓаат од прва
Иако Џони Деп остана без неколку големи ангажмани во последните пет години, Диор дефинитивно не ја загуби довербата во овој легендарен актер ...
Врз основа на недокажани обвиненија, целиот живот на Деп му беше уништен за неколку месеци, оставајќи го без работа и во постојани судски настапи што му одземаа многу пари и време. Се чини дека овој човек се враќа на патот на старата слава и уште еднаш ја доби честа да стане новото / старото лице на новата линија на познатиот француски бренд.
По повод лансирањето на новиот парфем, луксузната марка повторно соработува со Џони Деп, кој станува главен лик на новата кампања. Стариот волк се уште е еден од најдобрите актери во светот, додека неговиот бунтовен дух и уникатниот ретро сјај на голема филмска sвезда се нешто што дефинитивно ѝ требаше на оваа компанија.
„Сакав да останам доследен на одлучувачките ноти на Соваж, доведувајќи ги до густина без преседан“, рече Франсоа Демаши, креатор на новата линија парфеми на Диор.
Dior Sauvage Elixir ја проширува свежината на парфемот Sauvage збогатувајќи го неговиот главен тон со цимет и морско оревче, совршено избалансиран со мирисот на кардамон, додека грејпфрутот е избран како врвна нота на новиот парфем. Парфемите Dior Sauvage Elixir пристигнуваат во елегантна темно сина амбалажа, придружена со луксузни кутии.