Стефан Бајиќ го одреди тимот, во Сарагоса патува и Стефанов јуниор
Селекторот на кошаркарската репрезентација, Драган Бајиќ го одреди играчки ростер на кој ќе смета за претстојниот натпревар против актуелниот светски шампион, селекцијата на Шпанија.
Со оглед на големиот број на отсуства на првата, бековска позиција во селекцијата, Бајиќ се определи да им даде шанса на двајца млади кошаркари.
Селекторот одлучи Рубин Стефанов и Виктор Ташовски ќе се обидат да му дадат поддршка на Кристијан Николов на првата бековска позиција во мечот против бранителот на светската круна.
Мечот од 5. коло од „Г“ квалификациската група е закажан за 1. јули од 19.30 часот, а ќе се игра во Арената „Павиљон Принц Фелипе“ во Сарагоса.
Според планираните активности, нашиот сениорски национален тим патува денес, во а стручниот штаб предвиде три тренинзи во салата каде на првиот ден од јули ќе играме против „црвената фурија“. Првите два се на 2. јули од 9.30 до 11. часот, односно од 19.30 до 21.часот. Ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот, од 11 до 12.30 часот.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ВО
СЕНИОРСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ ЗА СРЕДБАТА ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
(1.ЈУЛИ.2022-САРАГОСА) Војдан
Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром Бојан
Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром Адем Мекиќ –
МЗТ Скопје Аеродром Кристијан
Николов – МЗТ Скопје Аеродром Дамјан Робев
– МЗТ Скопје Аеродром Стојан
Ѓуроски – Пелистер Андреј
Маслинко – ТФТ Виктор
Ташовски – ТФТ Виктор
Ефремовски – Гостивар Теодор Симиќ
– Барселона-Шпанија Андреј
Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД) Рубин
Стефанов – Италија СЕЛЕКТОР:
Драган Бајиќ АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР:
Алекандар Јончевски АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР:
Адмир Прасовиќ КОНДИЦИСКИ
ТРЕНЕР: Александар Кукриќ