Стефан Спировски потпишува со Пјуник, ќе игра заедно со Радески

Стефан Спировски ќе го комплетира трансферот со Пјуник од Ерменија, ќе игра со  Марјан Радески кој е  од претходно дел од оваа екипа.

На Спировски му заврши договорот со МТК,  се реши за Пјуник, тим кој ќе настапува  во групите во Лигата на Конференции а противници им се Базел, Жалгирис и Слован Братислава.

Спировски сега ќе игра во својот 11.ти клуб во кариерата, а претходно настапуваше  Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Борац Чачак, Пелистер, Работнички и Вардар.