Стефани (27) ги зголеми облините до максимум: Изгледа нереално и сите се прашуваат како воопшто оди (ФОТО)
-Кажете што сакате, но благодарение на ова, заработив две куќи, тврди Стефани!
Девојките кои заработуваат пари продавајќи ги своите голи фотографии на Интернет се знае дека честопати посетуваат клиники за пластична хирургија за да ги добијат облините за кои сонуваат мажите.
Исклучок не е Стефани Паломарес (27), која потроши 200.000 УСД на една од последните операции за зголемување на задникот! Но, тоа воопшто не ја загрижува, бидејќи смета дека сите вложени пари ќе ѝ бидат вратени двапати.
Од моментот кога сподели фотографии од својот нов задник, бројот на нејзините следбеници е зголемен за неколку десетици илјади, па сега може да се пофали дека ја следат над 1,9 милиони луѓе.
Стефани тврди дека обожавателите обожаваат што нејзиниот задник е толку голем и дека ѝ даваат комплименти дека заслужува свој поштенски број, со оглед на тоа колку е голем.
Стефани вели дека заработила над 75.000 УСД минатиот месец благодарение на зголемувањето на градите и задникот.
"Купив куќа со пет спални во Вегас. Сега имам еден закупец кој ми плаќа трипати поголема закупнина од ратата на заемот. Купувам друг имот за неколку месеци“, изјави таа за Дејли Стар.
Американката, најголемиот дел од своите приходи го должи на платформата „OnlyFans“, каде ги продава своите голи фотографии, и вели дека од тоа живее живот од соништа, и дека ѝ пречат само мажите кои се опседнати со неа.
извор:stil.kurir.rs