
Во Букурешт, Романија се одржа светското првенство во суперкомбат каде нашиот борач Даниел Стефановски го освои првото место.
Со ова тој стана светски првак во таканареченото К-1 суперкомбат натпреварување. Светска титула му припадна откако за 101 секунда го нокаутира романецот Аделин Михаила.