Стил пар екселанс: Кире Лазаров доминира и надвор од терен
Сите зборови паѓаат во вода кога ќе го видите Кирил Лазаров во костум! Вистински џентлмен. Потсетува на стилот од аристократските семејства во Англија, но кај него се е македонско.
Најдобриот наш ракометар сме навикнале да го гледаме во спортка облека. Надвор од теренот, господин пар екселанс. И не е ова пресилно, само туку така кажано! Впрочем, фотографиите говорат многу.
Неговиот изграден стил е одраз на неговиот карактер. Силен, непоколеблив, со врвна стратегија, отмен и приземен истовремено. Сето тоа се гледа. Спортско- елегантен со голема доза на класика која кај него изгледа моќно.
Кире не е од оние кои претставуваат лажна стилска слика. Ниту од оние кои се фалат со сето она што го постигнале. Едноставно, се облекува добро, оди на настан, изгледа совршено и си заминува оставајќи видлива трага. А токму таков е и во неговата ракометна игра.
Костумите не ги носи на обичен начин, тој е доминантен, тој ги носи, а не тие него. Тоа му го дозволува неговиот физикус, мускулите, атлетското тело и висината.
И во спортска вријанта се случува истото. Само што некако тука е на свој терен, па попријатно му е во патики отколу во чевли што е и разбирливо за спортистите.
Никогаш нема да го видите неуреден. Секогаш е тоа Кире, кој внимава на секој детал, па и на часовниците кои ги носи.
Пример е. Неговата армија на обожаватели секојдневно му упатува комплименти и на сметка на изгледот и на сметка на ракометната игра.
Небојша Толески