Стилот и по пурата се познава: Македонци со џентлменски манири
Машката мода се менуваше низ годините и секоја епоха си носеше свои белези и карактеристики. Но едно нешто остана исто- пурата. Таа од секогаш претставувала синоним за луксуз, па и престиж.
На овие простори достоен репрезент со пура беше Јосип Броз- Тито
кој пушеше исклучиво најквалитетни кубански пури, лично подарувани од Фидел Кастро.
Не успеа да ѝ одолее ни и кога беше на примемот во Белата куќа, каде се
сретна со американскиот претседател Ричард Никсон. Анегдотата која со години се шири вели дека
за време на посетата, таму
било строго забрането пушење, но дека Тито сепак запалил кубанска пура и
тоа токму таа која му ја
подарил лично Кастро.
„Господине Претседател, ние во Белата куќа не пушиме“, му вели во приказната запрепастениот Ричард Никсон. „Базеси ви“, му рекол Тито, кој си продолжил да пуши, а Никсон веќе не ја спомнал забраната.
Многу холивудски актери, претставници на високите бизнис класи и светската елита можеме да ги видиме со пури. Но, тие се нераскинлив дел од еден стил и не секој може да се носи со тоа. Всушност, се вели дека на мажот му дава одредена доза на моќ, шарм, дополнување на машкоста... Но и го карактеризина неговиот статус во општеството.
Исто така, не значи дека секој што пуши пура го личи!
Најскапите пури во светот се оние на The Gurkha Black Dragon и се продаваат за 1.150 долари парче, а секоја година се прават само неколку пакувања. Долга е 21 сантиметар, а пакувањето од 100 ќе ве чини 115.000 долари.
И кај нас има мажи на кои пурата им е неизоставен дел од стилот. Важат за џентлмени, но не само по пурата, туку и по животниот и стилот на облекување. Маркантни се како појава, а имиџот кој го оставаат во јавноста им е целосен.
Трифун Костовски
Поранешниот градоначалник на град Скопје и бизнисмен е познат по добриот стил на облекување, скоро секогаш надополнет и со пура.
Даниел Воиновски
Eден од сопстениците на „Еуроимпекс“- генерален застапник на „Пежо“ има целосно дефинирана појава и често е избиран за маж со врвен стил. Пурата секако е преднос плус.
Ненад Пантовиќ
Има исклучителен сенс за стил, а како и би немал кога е ко- сопственик на Сињори, македонскиот бренд за машка првокласна облека. Тој освен што точно знае што да облече и тоа да го прикаже во најдобро светло, најчесто како моден додаток ја има и пурата.
Р.М.М
Фото: Фб.